Sebahatdin Zeyrek
04 Септември 2019•Ажурирај: 05 Септември 2019
ДЕНИЗЛИ (АА) - СЕБАХАТДИН ЗЕЈРЕК -
Локалитетот Памуккале во турскиот град Денизли, кој се наоѓа на Листата на светски наследства на УНЕСКО, и се наоѓа меѓу значајните туристички места во Турција, во периодот од јуни до август оваа година бил посетен од 1 милион и 100 илјади домашни и странски туристи, јавува Anadolu Agency (AA).
Памуккале, кој е познат како „бел рај“ со травертините со уникатна убавина, лековитите термални води и околните антички градови, помина низ интензивна летна сезона.
Овој локалитет во летниот период беше посетен од голем број странски, како и од домашни гости.
Во 2017 година Памуккале бил посетен од 1 милион и 524 илјади домашни и странски туристи, додека во 2018 година од 2 милиони и 128 домашни и странски туристи.
Исто така, во периодот од јуни до август оваа година овој локалитет бил посетен од 1 милион и 100 илјади туристи.
Бројката на туристите кои од почетокот на годината досега го посетиле Памуккале, се искачи на 1 милион и 800 илјади.
Претседателот на Здружението на туристички хотелиери и претприемачи во Денизли, Гази Мурат Шен, во изјава за АА истакна дека оваа година низ земјата имале плодна туристичка сезона.
Шен нагласи дека туристите на враќање од туристичките места на Егејот и Медитеранот, поминувале во посета и на Памуккале.
„За првпат во својата историја Памуккале за еден месец пречека над 400.000 посетители. Во првите осум месеци во оваа година бројот на посетители надмина 1 милион и 800 илјади лица. Во летната сезона, односно во периодот од јуни до август, Памуккале беше посетен од 1 милион и 100 илјади домашни и странски гости. Забележавме раст од 23 отсто во бројката на туристите во споредба со минатата година. До крајот на годината, имаме цел да ја постигнеме бројката од 3 милиони туристи“, рече Шен.