Ali Cura
13 Август 2016•Ажурирај: 14 Август 2016
КИЕВ (АА) - Зголемувањето на бројот на туристи од Украина во Турција, и покрај обидот за државен удар од страна на воени лица лојални на терористичката организација на 15 јули, продолжи да расте, јавува Anadolu Agency (AA).
Иако интересот на туристите од многу земји, по обидот за државен удар во Турција во месец јули во однос на истиот период минатата година е помал, бројот на туристи во Турција од Украина двојно се зголеми.
Во јули оваа година, 120.382 туристи од Украина допатуваа во посета на Анталија, што претставува за 101 отсто повеќе во однос на јули минатата година.
Исто така, забележано е зголемување на бројот на туристи од Израел, Азербејџан, Албанија и Романија. Бројот на туристи од Израел се зголеми за 86 отсто, од Азербејџан за 40, од Албанија за 24 и од Романија за два отсто. Бројот на туристи во Анталија од другите земји е намален.
Значително зголемување на бројот на украински туристи е забележано и во туристичкото место Мугла. Мугла ја избраа 24.680 туристи, како дестинација на која ќе го минат својот одмор. Така, забележан е пораст од 126 отсто.
Но, Украинците одлучија дека во јули оваа година, помалку да го посетат Истанбул. Додека градот на Босфорот, минатата година го посетиле 22.740 туристи, оваа година градот бележи посетеност од 20.858 туристи.
Во првите седум месеци, бројот на туристи во Анталија од Украина се зголеми за 88 отсто во однос на истиот период минатата година. Односно, 316.644 туристи летуваа во Анталија, додека минатата година тој број изнесуваше 168.378.
Порастот на бројот на туристи во истиот период и во Мугла беше повеќе од сто. Овој град во првите седум месеци го посетиле 54.847 лица, што е за 113 отсто повеќе од минатата година.
Истанбул забележа пораст од 11,2 отсто, или зголемување од 154.413 на 171.763 лица.
Претставници од Министерството за култура и туризам на Турција, наведоа дека минатата година Турција ја посетиле околу 700.000 украински туристи, а се очекува дека до крајот на оваа година околу еден милион туристи од Украина ќе допатуваат во посета на оваа земја.