Seda Sevencan
17 Јануари 2021•Ажурирај: 18 Јануари 2021
АНКАРА (АА) - Уште пет терористи на ПКК им се предадоа на турските безбедносни сили како резултат на кампањата за убедување, објави турското Министерство за внатрешни работи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„По бегството од базите на ПКК надвор од Турција, терористите се предадоа благодарение на напорите за убедување од страна на полицијата и жандармеријата“, се вели во соопштението на Министерството.
Во него се додава дека еден од терористите бил активен припадник на ПКК веќе 28 години.
Терористите се приклучиле на ПКК во периодот меѓу 1993 и 2015 година и биле активни во Турција, Сирија и Ирак.
Според последните податоци, девет терористи го положиле оружјето од почетокот на годинава како резултат на кампањата за убедување.
ПКК е сепаратистичка организација којашто се наоѓа на списокот терористички организации во Турција, Европската Унија и во САД. За време на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.