Zafer Arslan,Metin Tokgöz
12 Јануари 2016•Ажурирај: 12 Јануари 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Противпожарните екипи го ставија под контрола пожарот што избувна утрово во високиот хотел кој е сè уште во изградба во населбата Малтепе во Истанбул, а четири лица се хоспитализирани поради труење со чад, јавува Anadolu Agency (АА).
Пожарот во хотелот во истанбулската населба Mалтепе избувна утринава при заварување во внатрешноста на објектот, а поради труење со густиот чад се хоспитализирани четири лица коишто се вон животна опасност.
Менаџерот на хотелот во изградба, Окан Oзтанер, изјави дека пожарот избувнал при заварување во внатрешниот дел на зградата. "Собите се веќе изградени, а утрово се работеше на заварувањето. Имавме 4 или 5 противпожарни апарати, но тоа не беше доволно за да се спречи ширењето на огнот", изјави тој.
Противпожарните екипи се сè уште на терен и ги преземаат сите неопходни мерки за целосно гаснење на пожарот.