Tutku Şenen
16 Август 2016•Ажурирај: 16 Август 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Безбедносни извори соопштија дека денес се изведени симултани полициски рации во 44 компании во Истанбул, како дел од истргата за ФЕТО, во врска со финансирањето на тој терористички култ, јавува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи под услов на анонимност, изворите велат дека Одделот за борба против финансиски криминал спровел операции во компаниите во населбите Ускудар и Умраније, вклучувајќи и една холдинг компанија. Одделот имал поддршка и од специјалната полиција.
Налози за апсење беа издадени за вкупно 120 лица, од кои сите за извршни директори на компании, велат изворите.
Претресот на објектите на компаниите од страна на полицијата е во тек.
Во бранот апсења по обидот за државен удар на 15 јули беа уапсени околу 26.000 лица низ цела Турција. Меѓу уапсените имаше и високи личности од бизнисот, како и припадници на војската, полицијата, судството, обвинители и професори.
Турската Влада изјави дека обидот за државен удар на 15 јули, во кој загинаа 240 лица и речиси 2.200 беа повредени, бил организиран од страна на приврзаниците на Фетула Ѓулен.
Ѓулен се товари за водење долготрајна кампања за соборување на власта преку инфилтрирање на свои припадници во турските институции, особено во војската, полицијата, судството.