Kemal Karadağ
13 Август 2021•Ажурирај: 14 Август 2021
АНКАРА
Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) на Турција соопшти дека 25 лица ги загубија животите во областа Кастамону, а 2 лица во областа Синоп во поплавите предизвикани од поројните дождови што го зафатија северниот дел на земјата изминатите денови. Од Агенцијата информираат дека сѐ уште се трага по исчезнато лице во местото Бартин, известува Агенција Анадолија (АА).
Потенцирајќи дека потрагата по лицето што исчезна во селото Улус Аќоренсоќулер во подрачјето Бартин ја спроведуваат АФАД, противпожарни и жандармериски екипи и персоналот на Националниот медицински тим за спасување, во соопштението се наведува дека тимовите за потрага и спасување продолжуваат да работат во местото Ајанџик во областа Синоп и во подрачјето на Бозкурт во областа Кастамону.
Екипите на АФАД досега евакуираа 323 лица во Бардин, 925 во Кастамону и 472 лица во Синоп.