Asena Akçay
23 Јули 2016•Ажурирај: 24 Јули 2016
ТРАБЗОН (АА) - По обидот за државен удар во Турција на 15 јули, кој го изврши групата лојална на терористичката организација Фетулахчи/Паралелна државна структура (ФЕТО/ПДЈ), во рамките на спроведување на истрагата ширум земјата до денес, приведен е голем број на воени лица. Приведени се најмалку 133 генерали и адмирали, меѓу нив 126 се задржани во притвор, јавува Anadolu Agency (AA).
Обвинетите се гонат за повеќе извшени кривични дела „ кршење на Уставот”, „ обид за атентат и напад на претседателот на државата ”, „злосторство против законодавството”, „ злосторство против владата”, „ формирање и водење на вооружените групи” и „убиство” .
Меѓу приведените се наоѓаат 133 генерали и адмирали, меѓу кои 126 се задржани во притвор, додека остатокот од нив по сослушувањето се пуштени на слобода или ќе се бранат од слобода.
Војниците пучисти лојални на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ се обидоа да го извршат државниот удар во Турција на 15 јули и во таа прилика загинаа 246 лица, а ранети се преку 1500 лица.
Обидот за државен удар е спречен отккако стотина илјади граѓани излегоа на улиците на Истанбул, Анкара и другитe делови на земјата и храбро невооружени застанаа пред тенковите и оклопните возила со кои пучистите се обидоа да ја соборат демократски избраната власт во таа земја.