Barış Kılıç,Zafer Fatih Beyaz
19 Јули 2016•Ажурирај: 19 Јули 2016
АНКАРА (AA) - Поранешниот командант, кого на турските воздушни сили Акин Озтурк, кој го очекува судење за велепредавство по обидот за воен удар во петокот вечерта со цел соборување на Владата на Турција и претседателот Реџеп Таип Ердоган, во обвинителството денес изјави дека смета дека пучот се обиде да го изведе паралелна структура", јавува Anadolu Agency (AA).
„Не планирав и не управував со воениот удар. Не знам кој планирал и кој командувал со ударот. Според моето искуство, мислам дека овој обид за воен удар се обиде да го изведе паралелната структура. Не можам со сигурност да тврдам кој внатре во Вооружените сили на Турција го организирал и извел овој чин. Немам никакви информации за тоа", рече Озтурк.
Истакна дека тој ден бил во Измир каде, како што рече, завршувал одредени работи кај нотар поради што не можел да отиде во Истанбул кај пријател кој тој ден ја мажел ќерката.
Додаде дека попладне со воен авион отишол во воената база Акинџи во Анкара каде го поминал остатокот од денот.
„Во базата Акинџи авионите секогаш беа во движење и не забележав ништо посебно. Го повикав Мехмети Санвери да честитам за свадбата. Тој не долго потоа тоа ме повика повторно и ми рече дека авионите летаат ниско и ме праша што се случува. Командантот на воздушните сили исто така беше на таа венчавка. Ме повика и ми рече дека авионите во Анкара летаат ниско. Рече да ја спречам таквата ситуација. Потоа го повикав командантот на базата. Ми рече дека е во базата и началникот на Генералштабот. Веднаш отидов кај него. Кога стасав таму во една соба пиеја чај началникот на Генералштабот Хулуси Акар, генерал мајорот Кубилај Селџук и генерал мајор Мехмет Дисли. Ми рекоа: 'Тие ја направија оваа работа, зборувај со нив, убеди ги. Почнав да разговарам со нив. Во меѓувреме на телевизија видов дека луѓето во Истанбул се качиле на тенкови", рече Озтурк.
Додаде дека на Селџук и Дисли им рекол дека воениот удар е невозможен, туку дека демократските институции во Турција функционираат, нагласувајќи дека народот ќе реагира на таквиот чин.
„Откако се спротиставија, галамев и викав. Исто така и началникот на Генералштабот се обидуваше да ги убеди", рече Озтурк.