Dmitri Chirciu
09 Декември 2021•Ажурирај: 10 Декември 2021
МОСКВА (АА) - Генерал Валериј Герасимов, началник на рускиот Генералштаб, на брифингот на кој присуствуваа воени аташеа на странски држави во главниот град Москва, даде изјава за актуелните прашања, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оценувајќи ги наводите дека Русија ќе ја нападне Украина, Герасимов истакна:
„Земјите на НАТО придаваат исклучително значење на мобилноста на руските трупи во нашата земја. Преместувањето на воените единици за време на обуката е рутинска практика за вооружените сили на која било држава. Воените активности се вршат на нашата национална територија и нема потреба да известуваме за тоа. Тврдењата во медиумите дека Русија ’се подготвува да ја нападне Украина‘ се лаги.“
Истакнувајќи дека има извештаи за употреба на противтенковските ракетни системи „Јавелин“ во Донбас, источна Украина, Герасимов рече: „Секоја провокативна акција на украинската администрација за решавање на проблемот со Донбас со сила, ќе биде спречена.“
- „САД го зголемуваат своето присуство на источните граници на Русија“ -
Наведе дека САД го зголемија своето присуство во источните граници на Русија, Герасимов нагласи: „Во последно време се забележува сериозно зголемување на бројот на летови на американските стратешки воздушни сили во близина на источните граници на нашата земја.“
„За секој случај, нашите системи за противвоздушна одбрана навремено откриваат такви цели и спречуваат инциденти“, рече Герасимов.
- „САД се обидуваат да ги укинат ограничувањата за развој на оружје“ -
Генералот нагласи дека системот за контрола на оружјето е „влошен“, Герасимов изјави дека САД се обидуваат да ги отстранат ограничувањата за развој на оружје.
Потсетувајќи дека САД се повлекоа од Договорот за нуклеарни сили со среден дострел (INF) и од Договорот за отворено небо, Герасимов рече: „Распоредувањето ракети со среден и краток дострел во регионот на Европа и Азија - Пацификот претставува сериозна закана за регионалните и глобалната безбедност.“
Меѓу другото, Герасимов истакна дека САД не се подготвени да ги преземат своите меѓународни обврски за спречување на трката во вооружување во вселената.