Kadir Karakuş
31 Декември 2015•Ажурирај: 01 Јануари 2016
МЕДИНА (AA) - Турскиот новинар и главен уредник на дневниот весник "Yeni Akit" Хасан Каракаја почина касно навечер во Медина како последица од срцев удар, јавува Anadolu Agency (AA).
Каракаја беше меѓу новинарите и колумнисите кои ја следеа посетата на турскиот претседател Ердоган во Саудиска Арабија. Синоќа на Каракаја (58) му се слошило во хотелот во Медина, а прва помош му пружиле членовите на лекарскиот тим на Ердоган, а подоцна бил префрлен во болница каде што починал.
Турскиот претседател во телефонски разговор им изрази сочуство на семејството на починатиот новинар, а неговата посета во Саудисак Арабија денеска ќе биде прекината и тој ќе се врати во Турција. Телото на Хасан Каракаја ќе биде префрлено со авионот ТУР, летало со кое Ердоган отпатува во Саудиска Арабија.