Michael Sercan Daventry
16 Јуни 2016•Ажурирај: 17 Јуни 2016
ЛОНДОН (АА) - Англиската пратеничка од Лабуристичката партија почина откако беше застрелана и прободена со нож денес попладне на една од улиците на нејзиниот изборен регион, јавува Anadolu Agency (AA).
Пратеничката на Лабуристичката партија, Џо Кокс, им подлегна на повредите откако беше хоспитализирана по нападот во градот Бирстал, во близина на Лидс во северна Англија.
52 годишен маж беше уапсен поради поврзаност со инцидентот. Локалната полиција на прес-конференцијата потврди дека не се трага по други осомничени.
Во пишано соопштение, лидерот на Лабуристиччата партија, Џереми Корбин, изјави дека се наоѓа „во шок поради смртта на својата сакана колешка”.