Ertuğrul Subaşı
17 Јули 2020•Ажурирај: 17 Јули 2020
АНКАРА
Партијата на правдата и развојот (АК Партија), Републиканската народна партија (ЏХП), Партијата на национално движење (МХП) и Партијата ИЈИ, кои се во Генералниот совет на Големото народно собрание на Република Турција (ТБММ), објавија заедничка изјава со која го осудија нападот на Ерменија врз Азербејџан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Пратеникот во турскиот Парламент, Суреја Сади Билгич, ја прочита заедничката изјава во која се наоѓаат потписи од претставниците на четирите партиски групи.
„Ние како Големо народно собрание на Република Турција, остро го осудуваме нападот на вооружените сили на Ермија на Товуз, Азербејџан, кои почнаа на 12 јули“, се наведува во изјавата.
Во изјавата пишува дека Ерменија е на погрешен пат и дека овие напади кои се нов пример на познатиот агресивен став на Ерменија која веќе неколку години под окупација ја држи азербејџанската територија Нагорно-Карабах и околните подрачја, е најголема пречка на трајниот мир и стабилноста на Јужен Кавказ.
„Ја повикуваме меѓународната заедница да реагира на оваа постапка на Ерменија која го игнорира правото“, стои во изјавата.
Се изразува поддршка прашањето на Нагорно-Карабах да биде решено по мирен пат во рамките на меѓународно признаените граници и територијална целовитост на Азербејџан.
„Ерменија би требало да ги почитува резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации и ОБСЕ и да се повлече од азербејџанската територија“, се истакнува во изјавата.
Кажано е и дека Турција ќе продолжи да го поддржува Азербејџан во напорите повторно да оствари територијален интегритет.
„По повод настрадувањето на азербејџанските шехиди изразуваме и сочувство на пријателскиот и братски народ и Владата на Азербејџан, а на ранетите им посакуваме брзо закрепнување“, се вели на крајот на изјавата.
По читањето на изјавата, пратениците кои се најдоа во салата на Генералниот совет, изразија поддршка со аплауз.