Cemil Murat Budak,Barış Kılıç,İsmet Karakaş
20 Јуни 2019•Ажурирај: 21 Јуни 2019
АНКАРА
Судот во Анкара донесе пресуда во случајот за 224-те обвинети кои се опфатени со заедничко обвинение за случувањата во зградата на Генералштабот на Турција во Анкара за време на обидот за пуч на 15 јули 2016 година, меѓу кои се наоѓаат и членови на раководното тело на терористичката организација ФЕТО, таканаречено „Совет за мир во татковината“, јавува Anadolu Agency (AA).
Повеќе припадници на ФЕТО, вклучувајќи го и поранешниот заповедник на воздушните сили на Турција, генералот Акин Озтурк, осудени се на по 141 казна доживотен тежок затвор.
Зградата на Генералштабот на турската Војска во Анкара е една од клучните локации во ноќта на обидот за пуч, од каде што членовите на споменатиот „Совет за мир во татковината“ управуваа со целиот процес.
Поранешниот командант на Почесната гарда на Кабинетот на турскиот претседател и поранешен полковник Мухсин Кутси Бариш, кој за време на обидот за пуч издал наредба да се заземе зградата на ТРТ, е осуден на доживотна казна затвор.
Казна доживотен затвор е изречена и на поранешниот главен офицер за врски на Кабинетот на турскиот претседател Ердоган и член на „Советот за мир во татковината“ на ФЕТО, Али Јазиџи.
Поранешниот офицер за врски, началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Турција, Левент Туркан, исто така е осуден на доживотна казна затвор.
Поранешниот претседател на Кабинетот за анализа на информаци при Генералштабот на Република Турција, Синан Сурер, исто така е осуден на 141 казна доживотен затвор. На 141 казна доживотен затвор осудени се исто така и генерал-мајорот Кубилај Селџук, генерал-мајорот Мехмед Дисли, поранешниот генерал-полковник Илхан Талу, генерал-мајорот Мехмед Партигоџ. Mehmet Partigoc.
Досието на обвинението содржи најмалку 2.386 подносители на жалби, меѓу кои се и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, министерот за одбрана, Хулуси Акар, како и голем број граѓани на Турција, кои се повредени во текот на ноќта на 15 јули. За време на процесуирањето се сослушани 235 сведоци.
Терористичката организација ФЕТО/Паралелна државна структура (ФЕТО/ПДЈ) во седумдесеттите години од минатиот век започна да ги инфилтрира своите поданици во безбедносните институции на Турција, за да ги зајакне значително своите паралелни пирамиди во рамките на тие институции во осумдесеттите години, и на 15 јули 2016 година да го изведе неуспешниот обид за воен удар, со цел рушење на уставниот поредок и соборување на демократски избраната власт во Турција.
Во текот на обидот за воен удар во Турција убиени се 251 лице, а ранети околу 2.200 лица. Турските надлежни институции започнаа опсежна борба против таа терористичка организација, на чие чело е Фетула Ѓулен.