Alma Arnautovic
24 Март 2016•Ажурирај: 25 Март 2016
ТУЗЛА ( АА ) – Пресудата на Радован Караџиќ пред Хашкиот трибунал е скандалозна и претставува поигрување со преживеаните жртви на геноцидот, порачаа членките на Здружението на жени на Сребреница во Тузла, веднаш по изречената пресуда на Караџиќ, јавува Anadolu Agency (AA).
Васвија Кадиќ е огорчена од пресудата поради очекувањето Караџиќ да биде осуден согласност сите точки на обвиненијата, вклучувајќи го и геноцидот во седумте општини, но и се надевала дека ќе биде осуден на доживотна затворска казна.
“Ние сме свесни дека тој нема да живее уште 40 години, но сепак ова е навредливо за нас. Пресудата е политички режирана и не можеме да се помириме со неа”, нагласи Кадиќ.
Истото мислење го дели и Хабиба Машиќ од Братунац, која го загубила сопругот и двајцата синови. Таа смета дека оваа пресуда е политички и хашки срам.
“ Жртвите се изедначени со агресорите “ изјави Машиќ за АА.
Видно потресената Мирсада Кахриман рече дека овој потег е нешто најлошо што може да им се случи на жртвите, откако нивните најмили се измачувани и убиени.