Başak Akbulut Yazar,Muhammed Enes Can
16 Декември 2020•Ажурирај: 17 Декември 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Во предметот против терористите на ФЕТО поради заговор во случајот „Селам Техвид“, на доживотен затвор се осудени 29 обвинети лица, меѓу кои 20 на казна тежок доживотен затвор, јавува Агенција Анадолија (АА).
Пред 14. Висок кривичен суд за тешки прекршоци во Анкара е завршен процесот против вкупно 90 обвинети припадници на ФЕТО во случајот „Селам Техвид“. Меѓу обвинетите се и водачот на ФЕТО и бегалец Фетула Ѓулен, како и голем број поранешни шефови на полицијата.
Судскиот совет донесе пресуда според која обвинетите Јурт Атајун, Омер Косе, Осман Озгур Ачигогоз, Казим Аксој, Огужан Џејлан, Гафур Атач, Куршат Дурмуш, Еркан Унал, Мухамед Каја, Мехмет Ишик, Али Фуат Јилмазер, Октај Булдук, Ѓултекин Авџи, Јунус Емре Узуноглу, Иса Ардич, Мустафа Ујаник, Исмаил Јалниз, Мухамет Јасин Акјар, Мехмет Куру и Ерхан Кортек беа прогласени за виновни за кривичното дело „обид за уривање или обид за делумно или целосно блокирање на работата на Владата на Република Турција со примена на сила и насилство“, и се осудени на казна тежок доживотен затвор.
Обвинетите во процесот, Енсар Доган, Селман Јујуџу, Хасан Јуксек, Зија Јалабук, Али Фуат Алтунташ, Мехмет Ерсој, Адем Демир, Синан Караташ и Неџати Арслан, кои исто така беа обвинети за истото кривично дело, беа осудени на казна тежок доживотен затвор, по што нивната казна, поради однесувањето за време на судскиот процес, им е изменета во доживотен затвор.
Судскиот совет одлучи обвинетите во случајот, кои имаат статус на бегалци, меѓу кои лидерот на ФЕТО, Фетула Ѓулен, потоа Емре Услу, Мурат Четинер, Алпер Акбулут, Ајтекин Кочак, Билал Гумушдагли, Фарук Киврак, Хасан Басри Кахраман, Килич Аслан, Омер Озујилмаз, Рамазан Болат, Решат Нури Полат и Сердар Бајрактутан да бидат опфатени со одвоен судски процес.
Судовите во Турција водат и низа постапки против припадниците на терористичката мрежа на ФЕТО кои се вмешани во различни обиди за завера, вклучувајќи ги процесите „Ергенекон“, „Бајлоз“, „Селам Техвид“, како и во местење на фудбалски натпревари.
Терористичката организација ФЕТО стои зад крвавиот обид за пуч во Турција ноќта на 15 јули 2016 година.
Станува збор за терористичка организација предводена од Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), и чија екстрадиција Турција официјално ја побара од САД.
Припадниците на терористичката организација, со години, преку местење испити напредуваа во службата, инфилтрирајќи се на тој начин во институциите на државата. Потоа, најпрвин во декември 2013 година, членовите на ФЕТО во правосудството на Турција со монтиран процес за наводна корупција се обидоа да процесуираат бројни високи функционери.
Неколку години подоцна следуваше и неуспешниот крвав обид за државен удар на терористите на ФЕТО, односно обид за пуч, што го изведоа офицерите кои ФЕТО ги инфилтрираше во турската војска.
Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа која не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја друга земја во која е активна. На тоа во повеќе наврати укажуваа турските функционери. Во текот на обидот за државен удар во Турција загинаа 251, а ранети беа околу 2.200 лица.