Satuk Buğra Kutlugün
31 Декември 2016•Ажурирај: 31 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Осум припадници на ДЕАШ приведени се од страна на одделот за антитероризам, денес во Анкара, јавува Anadolu Agency (AA).
Припадниците на ДЕАШ беа приведени на крајот oд успешната операција.
Полицијата верува дека осуммината припадници на ДЕАШ планирале извршување терористички напади за време на новогодишната ноќ.
Како дел од операцијата, полициските службеници запленија голем број документи поврзани со организацијата, на местата каде што престојувале осуммте припадници на ДЕАШ.
Вкупно 277 лица ги загубија своите животи во терористички напади изведени од страна на ДЕАШ во Турција.