Burcu Arik
01 Јануари 2017•Ажурирај: 01 Јануари 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Терористички напад во ноќен клуб во населбата Ортакој во Бешикташ, Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Едно се уште неидентификувано лице влегло во ноќен клуб во Ортакој и отворило оган.
Гувернерот на Истанбул Васип Шахин изјави дека во терористичкиот напад во ноќниот клуб во населбата Ортакој загинале 35 лица, додека 40 се повредени.
Шахин исто така рече дека повредените се хоспитализирани во болниците низ градот.