Gökhan Ergöçün
29 Март 2019•Ажурирај: 31 Март 2019
КОЏАЕЛИ (АА) - „Програмата за стипендии финансирана од Владата на Турција има добиено апликации од 30 земји“, изјави денес турскиот министер за индустрија и технологија, Мустафа Варанк, јавува Anadolu Agency (AA).
„Над 200 истражувачи од 100 врвни светски универзитети ќе ги продолжат своите истражувања во Турција“, изјави Варанк.
„САД се рангирани први на листата во бројот на апликации за Меѓународни стипендии за извонредни истражувачи, по кои следуваат Велика Британија и Германија“, додаде тој.
Тој рече дека добитник на Нобеловата награда, кој учествувал во Меѓувладиниот панел за климатски промени во 2007 година, исто така, аплицирал за стипендија.
„Пионерите од областа ѝ велат ’да‘ на науката во Турција. Најдобрите истражувачи во светот одлучија да се преселат во Турција“, додаде Варанк.
Турција ја објави Програмата за стипендии минатиот ноември, а ја започна кон средината на декември.
Програмата е спроведена во соработка со Научниот и технолошки истражувачки совет на Турција (ТУБИТАК).