АНКАРА (АА) - Бариш Ѓундоган
Турција, каде што првите локални избори се одржани во 1930 година, по кампањата која помина во расположение на празник на демократијата, се доближува кон 31 март 2019 година, за кога е закажано одржувањето на 19. избори за локалната власт.
Според информациите до кои дојде Anadolu Agency (AA) анализирајќи ги податоците, првите избори во Турција се одржани на 12 агуст 1930 година. По овој датум следуваа локални избори во 1934, 1938, 1942, 1946, 1950, 1955, 1963, 1968, 1973, 1977, 1984, 1989, 1994, 1999, 2004, 2009, 2014, вкупно 17.
На 31 март 2019 година, во недела, ќе се одржат 19-тите локални избори во Турција.
На 24 јуни 2018 година се одржаа претседателските избори и општите избори за 27. состав на Парламентот, кои ја поведоа Турција во новиот систем на раководење. Ова се први локални избори по воведувањето на претседателскиот систем на управување во Турција.
На овие избори, на кои учествуваат 12 политички партии и независни кандидати, ќе се избираат 1.389 кандидати за градоначалници во 30 градови, 51 област, 519 дистрикти, 403 гратчиња и 386 места.
Покрај тоа, на 31 март (недела) ќе се избираат и 50.236 претставници на локалната власт (мухтари) во 32.046 населби и 18.190 села.
Истовремено ќе се бираат 23.044 членови на општинските совети, 1.277 членови на обласни генерални собранија, 128.172 членови на селски комисии и 73.506 селски собранија.
Покрај изборот на градоначалници на општини, во недела ќе бидат познати 277.624 членови на општинските и обласните генерални собранија, претставници на локалната власт и членови на селските комисии.
Повеќе од 1 милион кандидати од сите партии ќе ја почувствуваат возбудата на изборите.
- Еколошка кампања
Кампањата која започна пред речиси 2 месеца беше сцена на изборен натпревар во демократска средина.
Во тој период, стотици илјади лица, кои се собираа на јавните простори за митинг, оддадоа слика за демократија.
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, пред изборите, на проширениот состанок на областните претседатели на Партијата на правдата и развојот (АК Партијата), изјави дека АК Партијата, со локалните избори на 31 март 2019 година, ја започнува кампањата во која во потполност ги отстрануваат буката и акустичното загадување како метод на пропаганда, со што предизборната кампања доби друга димензија.
Откако „еколошката кампања“ започната од АК Партијата беше поддржана и од останатите партии, за време на предиборната кампања не можеше да се забележат голем број флаери, брошури и слични предизборни материјали.
По воведувањето на Законот за наплата на пластичните кеси во маркетите, поголемиот број партии на избирачите им даруваа платнени кеси со отпечатен лик на партискиот кандидат и лого на партијата.
- Демократска изборна трка
Покрај платнените торби, некои кандидати делеа различни промотивни материјали, како што се маички, чаши, лепези, со цел да го привлечат вниманието на избирачите. Народот позитивно ги прифати активностите на различни партии чии штандови беа поставени едни до други и на демократски начин ги водеа своите кампањи.
Еден друг пример дека предизборната кампања измина во демократска средина е примерот во кој на 28 март 2019 година (четврток) во 15:58 часот по локално време, различни партии, едни до други, отворија изборни центри за координација.
Активна алатка за кампања која ефикасно се користеше за време на овие избори повторно беа социјалните мрежи. Дел од кандидатите за градоначалници на општини своите изборни видеа и ветувања ги презентираа пред своите избирачи со посредство на социјалните мрежи, додека други кандидати беа само гости на каналите кои емитуваат програма преку социјалните мрежи.