Veysel Kara
12 Мај 2019•Ажурирај: 13 Мај 2019
БАЈБУРТ (АА) - Потрагата по репортерот на Anadolu Agency (AA), Абдулкадир Нишанџи, кој во петокот падна во провалија во текот на следењето на работите на патот меѓу турските градови Бајбурт и Трабзон, продолжува и денес.
Екипата од 210 припадници на Агенцијата за вонредни состојби (AFAD), припадниците на турските безбедносни сили, итната помош и други, која и вчера интензивно трагаше по новинарот на АА, од утринските часови повторно е на терен.

На терен се тимови од Бајбурт, Трабзон, Ризе, Ерзурум, Ѓумушхане и од Анкара.
Нишанџи беше на новинарска задача на планината Соганли, висока 3.500 метри, каде што ги следеше работите на патот кој ги спојува градовите Бајбурт и Трабзон. Планинарите ги пронајдоа неговите фотоапарат и статив на околу 60 метри под местото од коешто паднал.
Во обид да фотографира, Нишанџи застанал на снежна маса која се скршила, при што паднал во провалија.