Muhammed Ali Gürtaş
26 Септември 2018•Ажурирај: 28 Септември 2018
АНКАРА (АA) - Турскиот институт за статистика (TurkStat) денес објави дека просечниот животен век на турските граѓани во периодот 2015 - 2017 изнесувал 78 години, пренесува Anadolu Agency (AA).
Жените живееле подолго од мажите во просек за 5,5 години.
Институтот вели дека просечниот животен век кај мажите изнесувал 75,3 години, додека кај жените 80,8 години.
„За 15-годишните лица, односно на минималната возраст за започнување со работа, просечниот преостанат животен век изнесува 64,1, односно 61,5 години за машките лица, и 66,8 години за женските“, се вели од „ТуркСтат“.
Официјалните податоци покажуваат дека минималниот просечен преостанат животен век на 30-годишна возраст изнесува 49,6 години, додека на 50-годишна возраст изнесува 30,5 години.
„Просечниот преостанат животен век за 65-годишните граѓани во Турција изнесува 17,7 години, 16 години за мажи и 19,2 години за жени.“
Со други зборови, жените на 65-годишна возраст во просек живеат 3,2 години подолго од мажите.