Cem Genco,Erdal Türkoğlu
02 Февруари 2018•Ажурирај: 02 Февруари 2018
ХАТАЈ (АА) - Три ракети лансирани од Африн во Сирија од страна на припадниците на терористичката организација ПЈД/ПКК, паднаа во подрачјето Рејханли, при што биле повредени шест лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Една од трите ракети лансирани од Африн од страна терористичката организација ПЈД/ПКК, падна врз една куќа во местото Бајир, втората на улица во близина на пазарот Адабучак, додека третата во ѕид на еден деловен простор.
На местото на настанот се упатени голем број полициски, амбулантни, и противпожарни возила, додека во нападите биле повредени шест лица.
Безбедносните сили продолжуваат со истражувања на местата каде паднале ракетите.