Sinan Uslu
01 Февруари 2018•Ажурирај: 01 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Вооружените сили на Турција денес во централната област Аксарај ја тестираа новата генерација на првиот домашен ракетен систем „HISAR-A", јавува Anadolu Agency (AA).
Со пробното лансирање на ракетниот систем „HISAR-A", земја-воздух, присуствуваше и министерот за одбрана на Турција, Нуретин Џаникли.
Џаникли истакна дека цел на новата генерација на првиот домашен ракетен систем „HISAR-A" е да се одговори на потребите на воздушната одбрана.
Ракетниот систем „HISAR-A" ги опфаќа лансерите, ракетите и радарските системи, произведени и конструирани во Турција.
Инаку, новите ракети се на располагање на Војската на Турција од 2017 година.
Ракетите, предвидени за пресретнување на подвижни мети на помали висини, поради можноста за вертикално лансирање можат да бидат употребувани во сите временски услови.
Турција, која претходните години купуваше ракети од долг дострел, како и против ракетни системи, сега во потполност ќе произведуваат ракети како и противракетни системи.