Kadir Yıldız, Tahir Turan Eroğlu
16 Ноември 2015•Ажурирај: 20 Ноември 2015
КОЏАЕЛИ (АА) – Работите на висечкиот заливски мост Измит на Источниот крај од Мраморно море кој е четврт најдолг мост на светот со оглед на должината на неговиот среден распон, се приведуваат при крај, пренесува Anadolu Agency (AA).
Висечкиот мост помеѓу градовите Гебзе и Јалова, преку Мраморно море ја сочинува делницата од автопатот Истанбул-Измир, неговиот среден распон е 1.550 метри а вкупната должина на мостот е 2.682 метри.
Репортерите на АА го посетија местото на градење на оваа речиси неверојатна градба за која се предвидува дека моменталното возење од Истанбул до Измир, кое трае 9,5 саати, треба да го скрати на три саати возење.
Од вкупно 220 јажиња кои треба да се монтираат на овој мост, до сега се монтирани 144. Оваа градба многу ќе потсетува на “Golden Gate” мостот, којшто е еден од симболите на Сан Франциско.
Архитектот Фатих Зејбек рече дека на мостот се наоѓаат вкупно 200 кабли чија монтажа сеуште трае, а како што кажа, нивното монтирање треба да биде завршено до почетокот на декември.
"Работата на мостот се извршува онака како што предвидувавме. Целта ни е да до крај на март 2016 година ги завршиме сите работни активности на мостот и во април да биде пуштен во сообраќај” рече Зејбек.
Турција во последен период оствари значајни инфраструктурни проекти, меѓу кои се секако и третиот мост преку Босфор во Истанбул, градбата на третиот истанбулски аеродром, чија изградба ќе чини 10,25 милијарди евра, а кој воедно ќе биде најголем во светот.