Ekipa
30 Октомври 2021•Ажурирај: 31 Октомври 2021
САН ФРАНЦИСКО (АА) - Густа магла го покри Сан Франциско, еден од поголемите градови во американската сојузна држава Калифорнија.
Иако посетителите очекуваат сончеви временски услови карактеристични за Калифорнија во текот на летото, студената магла која може да ги изненади во Сан Франциско му дава на градот мистериозна и романтична атмосфера.
Фоторепортерот на Агенција Анадолија (АА) со својата камера ја забележа маглата која го прекри заливот на Сан Франциско и познатиот мост „Голден Гејт“.
Маглата го покрива Сан Франциско најмногу во летниот период кога студениот ветер од Тихиот Океан ја потиснува топлината од копното на Калифорнија. Топлиот воздух во внатрешноста се подигнува, а студениот океански ветар од Тихиот Океан го заменува, создавајќи магла.
Еден од најдобрите начини да се доживее мистичната магла е пешачењето преку мостот „Голден Гејт“, а за најдобри фотографии посетителите ги посетуваат повисоките ридови околу Сан Франциско.