Abdullah Aşıran
24 Јануари 2018•Ажурирај: 25 Јануари 2018
ХАГ (АА) - Министерот за надворешни работи на Холандија, Халбе Зијлстра, коментирајќи ја операцијата „Маслинова гранка“ во Африн, Сирија, изјави дека Турција била цел на отворени напади, јавува Anadolu Agency (AA).
„Турција беше цел на отворени напади. Постојат доволно показатели за Турција да се брани. ЈПГ не е невин“, изјави Зијлстра во обраќањето во холандскиот Парламент, одговарајќи на прашањата на пратеници.
„Ова не е судир на Турците и Курдите. И во Холандија тоа треба да се разбере на овој начин. Во Владата разговараме за тоа прашање за во земјата да не дојде до ескалација на тензиите“, изјави Зијлстра.

Тој истакна и дека Владата на Холандија никогаш не го поддржувала ЈПГ.
„Холандската влада никогаш не го поддржуваше ЈПГ. Постојат силни врски меѓу ЈПГ и ПКК. ПКК и кон Холандија и кон Европа е терористичка организација“, изјави министерот за надворешни работи на Холандија.
Тој нагласи дека и холандската влада изразува загриженост поради операцијата во Сирија.
„Разговараме со официјалните лица на Турција. Но, операцијата на Турција не е нелегитимна. Затоа, не би било правилно да ѝ судиме на операцијата“, изјави Зијлстра.
- Други реакции -
Руските власти претходните изјави ги темелеа на тоа дека операцијата е резултат на провокациите на САД кон Турција.
Најострата порака на американската администрација беше изразување на загриженост за безбедноста на цивилите. Надворешните работи и војската во соопштенијата изразија разбирање за легитимната загриженост на Анкара за безбедноста на границите.
Земјите на ЕУ од повеќе причини изразуваа загриженост. Меѓутоа, Франција користеше изрази на солидарност со Турција.