İlkay Güder
24 Јануари 2018•Ажурирај: 25 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, телефонски разговараше со американскиот претседател, Доналд Трамп, на којшто било истакнато дека во рамките на борбата против тероризмот, САД треба да стават крај на поддршката осо оружје за ПЈД/ЈПГ, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од прес-центарот на турското Претседателство соопштија дека Ердоган и Трамп вечерва оствариле телефонски разговор.
За време на разговорот, двајцата лидери дискутирале околу последните случувања во Сирија, билатералните прашања, а размениле и мислења за операцијата „Маслинова гранка“ која ја спроведуваат турските сили против терористичките организации во подрачјето на Африн, Сирија.
Се истакнува дека претседателот Ердоган нагласил оти Турција ја спроведува операцијата „Маслинова гранка“ врз основа на меѓународното право, во рамките на резолуциите на Обединетите нации (ОН) за легитимна самоодбрана, како и во рамките на резолуциите на Советот за безбедност на ОН за борбата против тероризмот.
Според соопштеното, Ердоган истакнал дека Турција има за цел да го расчисти подрачјето на Африн од терористички елементи поради својата национална безбедност.
Двајцата лидери се осврнале на важноста на билатералната соработка во борбата против тероризмот.
Турскиот претседател посочил дека во рамките на борбата против тероризмот, САД треба да стават крај на поддршката со оружје за ПЈД/ЈПГ.
За време на разговорот, Еродган и Трамп потврдиле дека се одлучни за продолжување на соработката и блиските односи меѓу Турција и САД околу билатералните прашања и Сирија.