Aysu Biçer
26 Ноември 2021•Ажурирај: 26 Ноември 2021
АНКАРА (АА) - Официјалните резервни средства на Турската централна банка се зголемија на 123,9 милијарди долари до крајот на октомври, за 2,2 проценти повеќе од претходниот месец, според најновите бројки објавени денеска, јавува Агенција Анадолија (АА).
Девизните резерви, во конвертибилни странски валути, се зголемија за 2 проценти на месечно ниво на 76,4 милијарди долари, покажа извештајот на банката за меѓународни резервни и девизна ликвидност.
Резервите на злато на банката, вклучително депозитите со злато и доколку е соодветно разменето златото, исто така се зголемија за 3 проценти на 39,7 милијарди долари.
Краткорочниот предодреден нето-одлив на централната влада и на централните банки - девизните кредити, хартии од вредност, обврски за девизни депозити се искачија на 3,8 проценти на 26,6 милијарди долари, од кои 19,9 милијарди беа во отплата на главнината и 5,7 милијарди долари исплати на камати.
„Заостанатите девизни и обврски за злато, кои произлегуваат од финансиските деривативни активности на банката со домашни и странски банки изнесуваат 68,3 милијарди долари, од кои 26,6 милијарди долари се во еден месец“, се додава во извештајот.