Elena Trenchevska Chekovic
02 Јануари 2026•Ажурирај: 06 Јануари 2026
СИВАС (АА) - Езерото Хафик во централната турска област Сивас е целосно замрзнато по падот на температурите под минус 10 степени Целзиусови поради суровите зимски услови што зафатија големи делови од Турција, јавува Анадолу.
Напливот на студен бран и обилните снежни врнежи го нарушија секојдневниот живот низ централна Турција и голем број други региони во текот на изминатата недела.
Површината на езерото Хафик, едно од 135-те меѓународно признати мочуришта во Турција, замрзна по студената фронтална маса што го погоди округот Хафик.
Акумулацијата на снег достигна половина метар, создавајќи живописни зимски пејзажи во парковите покрај брегот на езерото. Рекреативните подрачја околу езерото Хафик беа покриени со бело, додека жителите се обидуваа да го расчистат снегот од своите возила во утринските часови.
Локалните власти на Сивас започнаа операции за повторно отворање на патиштата до 947 населени места отсечени поради снегот и снежните бури.
Екстремните временски услови продолжуваат негативно да влијаат на транспортот и секојдневните активности низ целиот регион.