Elvir Hociç
21 Јули 2016•Ажурирај: 22 Јули 2016
АНКАРА (АА) - Централните градски плоштади низ цела Турција веќе седми ден се исполнети со десетици илјади граѓани кои во петокот вечерта излегоа и го спречија обидот за воен удар во земјата, а потоа ги продолжија собирите под мотото „Стража за демократија“. На овие собири, без оглед на политичката или верската ориентација, или пак возраста, го осудуваат предавничкиот чин на пучистите, а ја поддржуваат идејата за демократија и правна држава, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот народ масовно излезе на улиците и плоштадите на градот откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го повика да се спротистави на обидот за државен удар што тој ден го извршија припадниците на турската војска лојални на терористичката организација Фетулачи/Паралелна државна структура (ФЕТО ПДЈ).
Со препорака на Владата за национална безбедност, турската војска синоќа прогласи тримесечна вонредна состојба, а претседателот Ердоган во обраќањето кон насобраните луѓе на плоштадите порача да останат таму и појасни дека одлуката за вонредна состојба не се однесува на секојдневниот живот на луѓето, туку на ефикасната работа на државните механизми во борбата против тероризмот.
Градските власти во Истанбул обезбедија бесплатни услуги на сите видови градски превоз со цел граѓаните да можат полесно да се движат до своите домови и по завршените основни потреби, да се вратат на плоштадите.
Слично направија и властите на другите турски градови.
Во текот на денот, на плоштадите „стражарат“ млади, стари и невработени, а во попладневните часови им се придружуваат и оние што ќе ги завршат своите работни обврски и демонстрираат на плоштадите сѐ до наредното утро, до повторното заминување на работа.
Насобраните на плоштадите ги извршуваат сите верски и други обврски, а вниманието на јавноста надвор од Турција го привлекуваат и младенци облечени во свадбена облека, кои можат да се видат речиси на секој плоштад.
Имено, речиси сите двојки по склучувањето на бракот во општинските канцеларии и верските објекти, наместо на меден месец, одат на централните градски плоштади за да се придружат во народното движење против предавниците. Неретко и самите венчавки се случуваат на плоштадите, при што дополнително се веселат насобраните со десетте илјади турски знамиња.
Истанбулскиот плоштад „Таксим“, „Кизилај Мејдан“ во Анкара, како и централниот плоштад во Измир, Ван, Бурса, Анталија, Коња, Газиантеп, Мардин и во сите други градови на Турција, веќе седми ден се место на обединетиот турски народ во борбата против пучистите и терористите, а за демократија и владење на правото.
На плоштадите се поставени бини со големи екрани на кои насобраните граѓани ги следат случувањата во земјата и пораките на турските лидери. Насобраните од бината им се обраќаат на официјалните лица, на претставниците на власта и опозицијата, како и на членовите на академската заедница, медиумите и невладиниот сектор.
Собирите за поддршка на демократијата насекаде во Турција протекнуваат со зголемени мерки на безбедност, а граѓаните порачаа дека ќе останат на плоштадите сѐ додека турскиот претседател и врховниот командант на турските вооружени сили на Ердоган не изјават дека сѐ е решено и дека можат да одат кон своите домови.
Обидот за државен удар во петокот вечерта е спречен откатко стотина илјади граѓани излегоа на улиците на Истанбул, Анкара и во другите делови на земјата и храбро, невооружени застанаа пред авионите, хеликоптерите, тенковите и пред оклопните возила со кои пучистите се обидуваа да ја соборат демократски избраната власт во земјата.
Обидот за пуч е задушен за помалку од 24 часа, а граѓаните под мотото „Стража за демократија“ се на улиците и плоштадите сѐ додека во потполност не се неутрализира вирусот на паралелни структури што ги зафати речиси сите државни институции.