Kaan Bozdoğan
30 Мај 2021•Ажурирај: 01 Јуни 2021
ИСТАНБУЛ
Со посебни визуелни активности организирани на симболични локации во градот, одбележана е 568-годишнината од ослободувањето на Истанбул, јавува Агенција Анадолија (АА).
Одделот за комуникации при турското Претседателство во соработка со Министерството за култура и туризам на Турција организираше активности по повод годишнината од ослободувањето на Истанбул.
Активностите започнаа со читање на делови од светата книга Куранот во џамијата „Аја Софија“, а продолжија со видеомапирање и мапирање со светло на кулата „Галата“.
Во овие рамки, визуелно беше прикажана и снимката на Султан Мехмет Освојувачот, кој на 21-годишна возраст го ослободи Истанбул и ја претвори Османлиската Империја во светска империја.
Дел од активностите беше и претставувањето на информациите во врска со ослободувањето на градот, додека над џамијата „Аја Софија“, која е симбол на ослободувањето, беа прикажани снимки од ослободувањето преку методата на видеомапирање, што за прв пат е користена во Турција.