Gökhan Kavak
05 Октомври 2021•Ажурирај: 05 Октомври 2021
ИСТАНБУЛ
Најмалку седум лица загинаа во акција против терористичката организација Ал-Шабаб во Сомалија, известува Агенција Анадолија (AA).
Локалните медиуми објавија дека била спроведена воена операција против Ал-Шабаб во јужниот дел на земјата.
Во операцијата се неутрализирани седум членови на организацијата, а има и повредени.
Исто така, уништени се населби кои припаѓаат на организацијата.
Терористичката организација Ал-Шабаб често извршува напади насочени кон безбедносните сили и цивилните подрачја во Сомалија.