Tuğba Yardımcı
16 Април 2017•Ажурирај: 17 Април 2017
ТРАБЗОН (АА) – Министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу, го искористи својот глас на референдумот за уставни измени, јавува Anadolu Agency (AA).
Тој по разговорот со граѓаните, го искористи своето право на глас.
Сојлу подоцна во изјава за медиумите, потврдувајќи дека во повеќе градови процесот на гласање започнал во 7:00 часот наутро, истакна:
„Во источните и југоисточните градови, во градовите крај Црното Море и во многу други околии... Фала му на Господ, од добиените информации од сите безбедносни сили, од гувернерите на околиите и посебно од информациите добиени од сите градови, досега процесот на гласање тече во мирна и безбедна состојба. Посебно во источниот и југоисточниот дел со хелихоптери беа завршени задачите“.
Сојлу нагласи дека ова значи голем чекор за државата и додаде: „Нашиот народ секогаш е предвидлив и разбирлив, и во врска со тоа каква одлука ќе донесе во овој голем чекор, нашиот народ најдобро ќе одлучи по двомесечната кампања, на којашто секој ги претстави своите оценки. Се надевам дека сите заедно, откако ќе ја дознаеме одлуката, од утре, ќе чекориме спокојно и со големи и радосни чекори“.
Министерот забележа дека кампањата поминала многу зрело и притоа истакна: „Му благодариме на нашиот народ, имавме многу зрела кампања. Според последните оценки кои ги добивме утрово, во Турција се одвиваат најспокојните избори во последните години. Му благодариме на народот, им благодариме на сите политички партии, секој еден зрело ја помина оваа кампања. Се надевам дека ќе има добар резултат.“