Mustafa Güngör
15 Јули 2021•Ажурирај: 16 Јули 2021
ИЗМИР (AA) - Триесет и еден нерегуларен мигрант, што грчките погранични сили ги потиснаа во турските територијални води, извлечени се на копно во местото Дикили во турската област Измир, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што го објави Командата на крајбрежната стража се наведува дека по добиената информација за група нерегуларни мигранти на отворено море во подрачјето на Дикили, екипи на крајбрежната стража се упатени во спасувачка мисија.
Екипите на крајбрежната стража спасија 31 нерегуларен мигрант кои во гумен чамец биле истуркани во турските територијални води од страна на грчките погранични сили.
Нерегуларните мигранти по извлекувањето на копното се префрлени до Обласниот директорат за управување со миграции.