Zafer Fatih Beyaz
11 Ноември 2022•Ажурирај: 12 Ноември 2022
САМАРКАНД (АА) - Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, оствари средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Узбекистан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган и Орбан престојуваат во југоисточниот град Самарканд по повод 9. Самит на лидерите на Организацијата на туркиски држави.
Средбата беше затворена за новинари.
На средбата присуствуваа и турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу и министерот за трговија, Мехмет Муш, како и заменик-претседателот и портпарол на турската владејачка Партија за правда и развој (AK Parti), Омер Челик.