Gökhan Yılmaz
11 Ноември 2022•Ажурирај: 13 Ноември 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Според извештајот на Европската организација за безбедност на воздушната пловидба (EUROCONTROL) во врска со летовите во периодот од 3 до 9 ноември, Аеродромот „Истанбул“ е на првото место меѓу најфреквентните аеродроми во Европа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението објавено на социјалните мрежи од страна на турската Генерална дирекција на цивилно воздухопловство се наведува дека во периодот од 3 до 9 ноември, Аеродромот „Истанбул“ е најфреквентниот аеродром во Европа, со 1.232 лета во просек на ден.
„Со 1.248 лета во просек на ден, „Турк хавајолари“ („Туркиш ерлајнс“) е втора меѓу авиокомпаниите кои реализирале најмногу летови“, се вели во соопштението.
Според извештајот на ЕВРОКОНТРОЛ, по Аеродромот „Истанбул“ следува Аеродромот „Хитроу“ во Лондон со реализирани 1.157 лета во просек на ден, а на трето место се наоѓа Аеродромот „Шарл де Гол“ во Париз со 1.147 лета во просек на ден.