Ali Cura
19 Октомври 2020•Ажурирај: 20 Октомври 2020
БАКУ (АА) - Азербејџанскиот претседател Илхам Алијев го прими Мустафа Шентоп, претседателот на Големото народно собрание на Република Турција, кој во посета на Баку ја предводи делегацијата на турскиот Парламент, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Како што е соопштено од Кабинетот на претседателот на Азербејџан, турската делегација ја сочинуваат пратеници од владејачката и опозициските партии во Парламентот.
Во посета на Алијев се претставници на најзастапената Партија на правдата и развојот (AK Парти), опозициската Републиканска народна партија (ЏХП), Партијата за национално движење (МХП) и Партијата ИЈИ.