Şaban Kılıçcı
07 Септември 2017•Ажурирај: 08 Септември 2017
БУРСА (АА) - Најмалку седум лица загинаа, а десет се повредени во сообраќајна несреќа што утринава се случи во турската западна област Бурса, јавува Anadolu Agency (AA).
Репортер на АА од теренот јавува дека станува збор за директен судир на минибус кој превозувал работници и патнички автомобил, а несреќата се случила во местото Бабасултан, кај Инеѓол.
Според првичните информации, во несреќата загинале најмалку седум лица, меѓу кои и едно дете, а десеттемина повредени се префрлени во болница.
Надлежните служби излегоа на теренот. Во тек е увидот и започната е истрага за деталите на несреќата.