ЊУЈОРК (АА) -МУЏАХИТ ОКТАЈ -
Меѓу припадниците на терористичката организација ФЕТО во ек се расправиите за корупцијата во организацијата и личното богатење на некои членови, а во фокусот е случајот на Мустафа Озџан, кој се смета за таен трезор на водачот на терористите на ФЕТО, Фетула Ѓулен и кој со тајниот партнер Али Челик во Велика Британија отворил компанија и стекнал повеќемилионско богатство, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според достапните јавни извештаи, градежната компанија „Gold Mark Investments Limited“ дејствува од 2015 година во Велика Британија во целосна сопственост на бизнисменот Али Челик, а нејзината вредност се проценува на 4,269 милиони фунти.
Истите извештаи покажуваат дека таа компанија под водство на Челик во изминатите три години остварила раст од 279 отсто, а нејзиниот промет во изминатата година изнесувал 17,4 милиони фунти. Просечниот раст на сите други компании од тој сектор во тој период изнесуваше цели 4,1 отсто.
- Откривање на тајните врски меѓу Озџан и Челик -
Поранешниот новинар на затворениот весник „Заман“, кое е пребегнато обвинето лице за членство во терористичката организација ФЕТО, Ахмет Донмез, откри детали за работењето на Мустафа Озџан за кого изјави дека своеволно и со сопствен систем управувал со парите на таа организација.
Озџан се смета за втор човек во терористичката хиерархија на ФЕТО, а расправиите во таа организација се распламтени откако Донмез објави дека Озџан го именувал Али Челик за челник на банката „Асја“, и дека покрај сите правила ги користел средствата на таа банка.
Донмез тврди дека Челик, роден во 1957 година во Ерзурум, неколку години тргувал со бела техника во Истанбул и дека во редовите на терористичката организација ФЕТО е примен со посредство на Озџан кој во 90-тите години на минатиот век се сметал за проповедник на ФЕТО во истанбулското подрачје Картал. Од тој момент Челик оствари голем напредок во деловната трговија.
Членството на ФЕТО и таа терористичка организација преферираа трговија со Челик и тој неколку години е прогласуван за најуспешен трговец на бела техника во Турција и пошироко.
„Али Челик за својот подем од сопственик на салон за бела техника до таен генерален директор на една од најголемите турски банки во потполност е должен на Мустафа Озџан кој од него направи голем бизнисмен. Озџан Челик го поставуваше во раководството на банката „Асја“, холдингот „Кајнак“, Колеџот „Џошкун“, телевизијата „Саманјолу“ и во повеќе градежни компании“, напиша Донмез.
Донмез понатаму откри дека Озџан и Челик се коосновачи на болницата „Сема“, во која Озџан е претседател, а Челик потпретседател на Управниот одбор.
- Озџан и Челик ги отфрлуваат обвиненијата -
Озџан и Челик живеат во Велика Британија и ги отфрлуваат обвиненијата дека од банката се обиделе да извлечат 17 милијарди лири пред нивните средства да ги блокира надлежната турска агенција ТМСФ.
Озџан со посредство на адвокатите одговори на обвиненијата на Донмез и порача дека немал поврзаност со именувањето на Челик во Управниот одбор на банката „Асја“.
Челик исто така ги отфрли обвиненијата за криумчарење пари од Турција, а членовите на терористичката организација ФЕТО во коментари на Твитер го прашаа од каде му е капиталот со кој ја отворил компанијата во Велика Британија.
Особено внимание кај членовите на ФЕТО на Твитер привлече пораката на пребегнатиот поранешен новинар Донмез.
„Како некои надвор од сите правила делат милиони од банката „Асја“, во која парите ги оставаа луѓето кои продавале автомобили, нараквици или обетки“, напиша Донмез, а учесниците на дискусијата коментираа дека членството во ФЕТО со лажни тврдења е повикано да положи пари во таа банка за да се спречи нејзино затворање кое наводно би можело да предизвика и ликвидација на гарантните писма кои таа банка ги издаваше за сите универзитети и образовни установи кои во странство се поврзани со терористичката организација ФЕТО.
Челик е еден од обвинетите во судски процес кој се води против терористичката организација ФЕТО во Турција, а лондонскиот Суд во ноември 2018 година го отфрли барањето за негово испорачување на Турција.
Главниот иницијатор на расправиите во ФЕТО со тврдењето дека некои членови ги користеле парите на таа организација за сопствено богатење беше пребегнатиот новинар Донмез на кого со спротивни ставови се спротивстави поранешниот главен уредник на „Заман“, Екрем Думанли.
Во таа дискусија на Твитер се вклучи и Тунџај Опчин кој исто така е во бегство како осомничен за членување во терористичката организација ФЕТО.
„Не се гледа по жената од која се разведуваш. Се повлекуваш и одиш од групата од која во филозофска смисла си се одвоил. Ти заминуваш и уште правиш проблем пред вратата. Хизмет нема проблем со системот, туку со карактерот на некои волонтери. Денес се смеам гледајќи ги имињата на луѓето кои ги критикуваат Екрем Думанли и „Заман““, напиша Опчин.
- „Паралелниот џемат“ на Мустафа Озџан -
Донмез во серијата текстови за Мустафа Озџан напиша дека во терористичката организација ги поставувал своите кадри и направил „паралелен џемат“ во ФЕТО и додаде дека Озџан е вториот највлијателен човек на таа терористичка мрежа и дека ниту водачот на таа организација, Ѓулен, не може без него.
Озџан во 1990-тите години, како терорист на ФЕТО беше задолжен за инфилтрираните терористи во турските воздухопловни сили, а Донмез за него пишува дека е тајно лице кое најверојатно ќе го наследи Ѓулен на чело на ФЕТО.
„Тој секогаш сака сѐ да му е подредено и да контролира со сите. Тој е егзекутор во работата. Без и најмалку размислување и преиспитување го извршува она што Ѓулен го бара од него. Бара најтешки задачи од кои многумина се плашат. Немилосрден е таму каде што треба да биде таков. Ако можам така да кажам, од него се бараат валкани работи“, напиша Донмез.
Обвинителството на Турција во обвинението против терористичката организација ФЕТО, наведе дека Мустафа Озџан е еден од првите кои бил со водачот на таа организација, Ѓулен и дека моментално во хиерархијата е веднаш зад Ѓулен.
Озџан во Турција по повеќе истраги се товари за низа кривични дела, вклучувајќи го водењето на терористичката организација и поддршката во обидот на рушењето на уставниот поредок. Распишани се повеќе потерници за негово апсење.
Озџан се наоѓа и на „црвената листа“ на најбарани терористи во Турција и Министерството за внатрешни работи на Турција нуди парична награда од 10 милиони лири за информации кои можат да доведат до негово апсење.