İbrahim Yaldız
26 Август 2021•Ажурирај: 30 Август 2021
МУШ (АА)
- ИБРАХИМ ЈАЛДИЗ
Владетелот на Големото Селџучко Царство, султанот Алпарслан, на 26 август 1071 година ја освои најславната победа во историјата во Малазгирт (Манцикерт), соборувајќи ја византиската војска која беше четирипати поголема од неговата војска, со што ја отвори вратата на Анадолија за Турците.
Султанот Мухамед Алпарслан на власт дојде на 27 април 1064 година како втор владетел на Големото Селџучко Царство по неговиот чичко, Тугрул Беј, и со оваа голема победа која ја постигна на 42-годишна возраст, ја преориентира турската историја.
Неговата прва цел бил регионот на Анадолија која во тој период била под водство на Византијците, а за остварување на својата цел, Алпарсал реализирал експедиции во граничните зони. Заземајќи ја контролата врз градовите Карс и Ани, Алпарслан почнал да ја зазема контролата врз првите византиски територии.

Откако абасидскиот калиф во 1070 година побарал помош од него, Алпарслан со својата војска тргнал да војува против Фатимидите. Византиската војска, откако открила дека Алпарслан се насочил кон Египет, ја започнала својата експедиција кон Истокот. Алпраслан, по откривањето на оваа вест, се вратил назад и почнал да се движи кон сириската линија.
Алпарслан ја ширел веста дека ќе се позиционира во градот Реј, но наместо тоа се движел кон градот Муш, и својата база ја формирал на рамнината Малазгирт.
На 26 август 1071 година, по петочната молитва, Алпарслан ја нападнал византиската војска под команда на Роман Диоген.
По оваа војна, Роман Диоген го признал поразот, по што бил земен како заложник заедно со дел од неговите војници.
Султанот Алпарслан, со оваа победа која ја постигнал против византиската војска која била четирипати поголема од неговата војска, го промени текот на историјата. Тој во историјата влезе како „командант кој ги отвори вратите на Анадолија за Турција“.