Zehra Aydın Turapoğlu
26 Август 2021•Ажурирај: 27 Август 2021
АНКАРА (АА) - Министерството за одбрана на Турција соопшти дека се случиле две експлозии надвор од аеродромот во Кабул, главниот град на Авганистан, додавајќи дека меѓу турските трупи нема жртви ниту предизвикана штета, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Се случија две експлозии надвор од аеродромот во Кабул. Во нашата единица нема жртви, ниту оштетување“, објави турското Министерство за одбрана на социјалните мрежи.