Yahya Sezgin
05 Јануари 2017•Ажурирај: 07 Јануари 2017
МУШ (АА) - Жителите на Муш, источна Турција, доаѓаат на езерото Хамурет (Акдоган) каде што од под дебелиот слој мраз ловат риби и така заработуваат за живот, јавува Anadolu Agency (AA).
Екстремно ниските температури предизвикаа делумно замрзнување на многу езера и реки, поради што рибарите мораат со моторна пила да го сечат мразот на езерото Хамурет во источниот дел на Турција.
Езерото се наоѓа на 2.149 метри надморска височина, а жителите го посетуваат и покрај ектремно студеното време.
Дебелината на мразот изнесува и до 30 сантиметри, поради што е неопходно со моторна пила да се расече ледениот слој и да се спушти рибарската мрежа со која наредниот ден ќе извлечат риба.
Рибарот Ферхат Башаран изјави дека по тешката работа на површината на езерото, фрлаат мрежа и ловат риба.
„’Лебот го вадиме’ од под мразот. Работиме во тешки услови, но така преживуваме. Секое утро го кршиме ледениот слој дебел 30 сантиметри, а потоа ја фрламе мрежата. Утредента доаѓаме и ја извлекуваме“, изјави Башаран, кој додава дека еден килограм уловена риба ја продаваат за шест лири (околу 1,6 евра).
Работата во вакви услови е опасна и рибарите се свесни за тоа, но велат дека немаат друг избор, бидејќи на тој начин го прехрануваат своето семејство.