Emin Avundukluoğlu
14 Март 2017•Ажурирај: 14 Март 2017
АНКАРА (АА) - Од 1980 година, терористичката организација ПКК годишно заработува 500 милиони долари од нелегална трговија со дрога, се вели во соопштението од Министерството за внатрешни работи на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на министерството се вели дека трговијата со дрога претставува главен извор за финансирање на терориситчката група ПКК, особено одгледувањето канабис во источна и во југоисточна Турција.
„Во изминатите 37 години, уапсени се 1.376 осомничени „нарко терористи“, а запленети се десетици илјади тони дрога, вклучувајќи 62.654 тони канабис, 5.452 тона хероин и 4.314 тони морфиум“, се додава во соопштението.
Полицијата исто така заплени 71.200 килограми опиум, 952 килограми кокаин, повеќе од 870.000 амфетамински таблети и 88 милиони стебла канабис.
Откако ја продолжи својата оружена кампања во јули 2015 година, ПКК се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, САД и во ЕУ и е одговорна за смртта на речиси 1.200 лица од безбедносниот персонал, како и цивили, вклучувајќи жени и деца.