Sibel Uğurlu
28 Август 2017•Ажурирај: 28 Август 2017
ШИРНАК (АА) - Во оружен напад на припадниците на терористичката организација ПКК во југоисточниот дел на Турција, убиени се тројца градежни работници, се вели во соопштението издадено од канцеларијата на гувернерот на областа Ширнак, јавува Anadolu Agency (AA).
Терористите на ПКК нападнаа работници ангажирани на изградбата на патот во подрачјето Улудере, убивајќи тројца од нив.
Турските безбедносни сили започнаа операција за апсење на терористите.
Сепаратистичката организација ПКК се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, САД и во ЕУ.
Станува збор за организација што подолго од три децении спроведува оружена кампања против Турција, а таа кампања ја интензивираше во јули 2015 година.