Ekipa
11 Декември 2021•Ажурирај: 12 Декември 2021
КАРС (АА) – Традиционалната игра на војување наречена „Копје“, што Турците ја негуваа уште од периодот на нивното населување во Анадолија од Централна Азија, продолжува да се негува на турнирите што се одржуваат кога снегот ќе ги покрие пределите на североисточната турска област Карс, јавува Агенција Анадолија (АА).
Играта, што денес важи за традиционален коњички спорт, е еден од спортовите на Средна Азија и Анадолија, негувана со векови.
Спортот е одраз на незаменливата страст и посветеност на младите и постарите кои живеат во селата во подрачјето на Селим.
Особено во првите денови на зимата, копјарите, кои ги хранат и се грижат за своите коњи, галопираат на теренот каде што се одржува натпреварот.
Спортистите собрани на полето во селото Акчакале, што доаѓаат од околните Башкој, Кекеч, Хасбеј, жестоко се борат на турнирите организирани на снегот.
Натпреварувачите со копја во рацете и коњите што галопираат низ теренот покриен со снег, често паѓаат во снегот во текот на натпреварите, моменти на храброст и упорност што остануваат во сеќавање.
„Постои голем интерес за игрите. Ова е спорт на предците. Во османлискиот период оваа игра се користела како војна. Фрлале копја над коњите. Нашите предци ја претвориле во спорт. Ние ја негуваме како спорт на нашите предци“, рече претседателот на Коњичкиот клуб во Башкој, Илхами Јилдиз.