Mümin Altaş
18 Април 2017•Ажурирај: 18 Април 2017
АНКАРА (АА) - Американскиот претседател Донал Трамп во телефонски разговор со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, нагласи дека САД тесно ќе соработуваат со Турција во борбата против терористичката организација ПКК во Сирија и во Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Трамп му се заблагодари на Ердоган за поддршката за американското ракетирање на воздухопловната база на Башар ал Асад во Сирија.
„Не можеме да бидеме пасивни на нападите на режимот“, рече претседателот на САД, Трамп.
Американскиот претседател Доналд Трамп му честиташе на својот турски колега, Реџеп Таип Ердоган, за успешно спроведениот референдум за уставните реформи во Турција.
Од Претседателството на Турција се соопштува дека Трамп му се јавил на Ердоган и во телефонскиот разговор му честитал за референдумот на кој граѓаните на Турција во неделата со мнозинство гласови го одобрија спроведувањето на уставните реформи коишто вклучуваат премин од парламентарен на претседателски систем.