Ali Dağer
04 Март 2017•Ажурирај: 05 Март 2017
ВАН (АА) - Водопадот Мурадије на реката Бендимани во турскиот Ван, висок 15 метри, овие денови е место кое го посетуваат локални и странски туристи уживајќи во преубавата глетка во негова близина, јавува Anadolu Agency (AA).
Ван и неговата околина се посебно интересни за фотографите во зимските денови кога се е прекриено со снежна покривка.
Покрај и околу водопадите, како последица на ниските температури, се наоѓаат и замрзнати површини кои пружаат несекојдневен поглед.
Фотографот Озкан Олџај со пријателите го посети Ван и со апарат ги забележа убавините на природата на овој крај.
И покрај тоа што на ова подрачје е тешко за време на зимата среќни сме што ги фотографиравме и видовме овие убавини”, порача Олџај.