Tuğba Altun
20 Април 2023•Ажурирај: 22 Април 2023
АНКАРА (АА) - Властите на Република Туркије изразија длабока загриженост поради апсењето на лидерот на партијата Енахда и поранешен претседател на Собранието на народните пратеници во Тунис, Рачед ал Ганучи, пренесува Анадолу.
Министерството за надворешни работи на Туркије соопшти дека ваквите акции, насочени кон политичарите што претставуваат различни сегменти од општеството, нема да имаат корист за социјалниот мир во Тунис.
„Веруваме дека процесот на демократска транзиција во Тунис ќе биде успешен доколку се спроведе врз основа на широк консензус што ги вклучува сите сегменти на општеството. Туркије, како и досега, ќе ги поддржи мирот и просперитетот во пријателски и братски Тунис“, се наведува во соопштението на турското МНР.
Безбедносните сили на Тунис го уапсија Ганучи на 17 април во рација во неговиот дом за време на ифтар. Тој два дена беше на распит во обвинителството и синоќа му беше предаден на надлежниот суд.