Associated Press
24 Декември 2016•Ажурирај: 25 Декември 2016
ТУНИС (AA) - Министерството за внатрешни работи на Тунис објави дека полицијата го уапси синот на братот на Анис Амри и уште две лица поради сомнеж дека и припаѓаат на истата екстремистичка мрежа, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштениео од министерството се наведува дека Амри, осумничениот дека го извршил нападот на камионот на Божиќниот маркет во Берлин, му испратил пари на Феди, синот на неговиот брат за да му се приклучи во Европа.
Нејасно е дали осомничените му помогнале на Амри да избега од Берлин.
Феди е уапсен во родниод град на Амри, Услатиа, додека преостанаа двајца осомничени во Тунис. Апсењата се обавени во сабота.
Во терористичкиот напад во Берлин, кој се случи на 20 декември се убиени 12 луѓе. Амри кој беше во бегство три дена убиен е во петокот во Милано, откако отворил оган на полициските службеници кои се обиделе да го легитимираат.