01 Јули 2022•Ажурирај: 03 Јули 2022
ЕДРЕНЕ (АА) - Во Киркпинар во турската област Едрене денеска започна 661. традиционално борење на пеливаните, борачи кои се борат намачкани со масло, јавува Агенција Анадолија (АА).
На древниот фестивал оваа година учествуваат околу 2.475 натпреварувачи, а финалните борби кои привлекуваат многубројни посетители ќе бидат одржани во недела, последниот ден од натпреварувањето.
Борбите во Киркпинар се најмасовно натпреварување од таков вид во Туркије, а постојат и посебни ритуали по кои тие се разликуваат од борбите на другите места.
Башпеливаните, односно победниците во натпреварот во Киркпинар, се исклучително ценети во Туркије. Оној кој трипати по ред ја освојува титулата на башпеливан, станува постојан сопственик на златниот појас.
Фестивалот на борби во Киркбинар е еден од најстарите спортски случувања во светот. Се одржува секоја година во Едрене од 1362 година, а се наоѓа на Листата на УНЕСКО за светско нематеријално културно наследство.